cernika

ЧЕРНИКА (БОРОВИНКИ) дражеи 180 гр

Традиционално, боровинките се користитат во исхраната бидејќи имаат пријатен и освежувачки вкус. Но тоа не е единствената причина за нивното користењето во исхраната. Боровинката (Vacconium myrtillus) има малку калории, а многу лековит состав.
Содржи : антоциани, биофлавоноиди, флаванол, каротин, гликоза, растителни влакна, гликозиди, фитоалексини (птеростилбен, ресвератрол кои се антимикробни материи и делуваат антидијабетично, снижуваат холестерол и триглицериди и делуваат антиканцерогено), органски киселини (лимонска и јаболкова), пектин, протеини, сапонини, оксикумарин, макро и микроелементи - натриум, калиум, калциум, бакар, железо, манган, хром и др., витамини - A, B, C, E, фолна киселина.

Во народната медицина, посебно во северна Русија од поодамна боровинките се применуваат за подобрување на видот и за решавање на многу проблеми поврзани со функционирањето на очите. Боровинките имаат силно антиоксидантно дејство. Бројни индикации има за нивната примена : за јакнење на имунитетот, при инфекции на горни респираторни патишта, при авитаминоза, хиповитаминоза, кај очни заболувања (за подобрување на видот, намалување на напрегнување на очите, кај катаракта, ретинопатија, глауком, за зајакнување на капиларите на ретината), кај реуматоиден артрит, кај инфекции на бубрези, цистит, делуваат како диуретик, кај инфекции на кожа, шеќерна болест, против гојност (поволно делуваат на пореметен метаболизам, исхрана, дијареја), го зголемуваат "добриот" холестерол, ја подобруваат циркулацијата, концентрацијата, поволно делуваат на капилари и вени, против тромбоза, во превенција на мозочен, срцев удар, кардиоваскуларни болести, го намалуваат ризикот од малигни заболувања.
Во овој производ, делувањето на боровинките е зголемено со додавање на перга – "пчелин леб". Ова е пчелин производ, кој е познат по своите лековити својства. Пергата е многу важен извор на провитамин А (бета-каротен), а овој е исклучително важен за правилно функционирање на очите. Покрај тоа, активните состојки кои се содржани во пергата ги смалуваат штетните ефекти на токсичните супстанции, на мрежницата на окото. Витамините C и P ја подобруваат работата на крвните садови, ги елиминираат спазмите на мазните мускули на крвните садови и на тој начин обезбедуваат подобра исхрана на окото. Покрај тоа, во составот на боровинките се наоѓа соединението оксикумарин кој има антикоагулантен ефекет. На овој начин се подборува циркулацијата на крвта, а со тоа се подобрува работата на кардиоваскуларниот систем. Уште едно својство на боровинките е тоа, дека ги ублажуваат последиците од стареењето на организмот, бидејќи имаат изразена антиоксидантна активност што ги прави многу ефикасни во борбата со слободните радикали.
Уникатната технологија која се користи за производство на сите производи од компанијата (ултразвучна хомогенизација), овозможува целосно зачувување на сите корисни својства на боровинките. Количината на активните состојки и биолошкото делување на производот е исто, како што делуваат боровинките во свежа состојба. Дејството на боровинките се зајакнува со синергистичното дејство на присустните корисни биолошки активни супстанции во составот на медот и пергата.
Состав : боровинки, перга, високo квалитетен мед од северна Русија.

Ефектитете од производот се :

• производот ЧЕРНИКА (БОРОВИНКИ) го решава недостатокот на витамините : A, бета каротен, C, E, D, P (биофлавоноиди содржани во пергата)
• заедно со производите АПИ-ЕЛИТЕ, АПИ-ХИТ и ХЛЕБИНА го намалува спазмот на крвните садови
• заедно со производите АПИ-ЕЛИТЕ, МЕД СО МУМИО, АПИТОК, АПИТОНУС и ЕЈ-ПИ-ВИ делува антикоагулантно
• против тромбоза
• за превенција на мозочен, срцев удар
• ги штити очите од замор, надразнетост и го успорува слабеењето на видот
• ја подобрува адаптационата моќ на очите во темнина
• ги зајакнува капиларите на окото
• ја нормализира промената на материите во окото и во целиот организам.

Терапевтски индикации :

• важен производ заедно со ХЛЕБИНАТА во програмата за закрепнување на сите органи и системи поради тоа што содржи перга, заедно со АПИ-СПИРА и ТЕНТОРИУМ ПЛУС кои содржат полен
• посебно е важна за одржување на видот и правилна функција на сите делови на окото
• во офталмологијата за глауком, катаракта, конјуктивит, ретинопатија и др.
• го намалува спазмот на крвните садови
• има и антикоагулантен ефект (се препорачува на сите кои примаат аспирин, андол, антикоагулантна терапија)
• протективно во кардиологијата
• кај кожни заболувања
• кај ослабена циркулација, мигрена, главоболка
• намалена меморија, концентрација
• кај интелектуален замор и работа со компјутери
• дражеите ЧЕРНИКА (БОРОВИНКИ) се корисни за сите, за повозрасните, но исто така се препорачуваат за деца, ученици, студенти и сите оние чии очи на некој начин се оптеретени (со учење, работа, престој во загадена и штетна животна средина и тн.)
• наменети се за сите оние кои се грижат за сопственото здравје.

Начин на употреба :

Возрасни : по 1/2 до 1 кафено пластично лажиче 2-3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа после јадење
Деца : од 1 до 3 години по 1/4 кафено пластично лажиче 2-3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа после јадење
• од 3 до 7 години по 1/3 кафено пластично лажиче 2-3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа после јадење
• од 7 до 14 години по 1/2 кафено пластично лажиче 2-3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа после јадење.
Контраиндикации: индивидуална преосетливост на пчелни производи.

Регионален Директор за Македонија

Др Анкица Росоклија др.сци дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1976 г. каде што специјализирала во областа Медицинска биохемија во 1988 г., магистрирала во 1986 г. и докторирала 2003 г.

Во 1989 г. била избрана за стручен соработник на предметот неврологија и психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје. 

Од 2003 г. до сега работи како стручен консултант во неколку приватни биохемиски лаборатории во Р. Македонија. Автор е на неколку научни трудови презентирани на национални и меѓународни конгреси и објавени во списанија. 

Од 2005 г. до денес се занимава со комплементарна медицина – апитерапија и со стручни трудови од ова поле учествувала на неколку меѓународни конгреси. Држела стручни и едукативни предавања акредитирани од страна на Лекарската комора на Р. Македонија. 

Автор е на информативни и едукативни текстови од апитерапијата објавувани во Лекарски весник на Р. Македонија.Регионален Директор за Македонија

Др Боне Стеваноски
Специјалист психијатар

 Email:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

моб. 071/367-198

Мрежен директор и стручен консултант

Др Анкица Росоклија др.сци дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1976 г. каде што специјализирала во областа Медицинска биохемија во 1988 г., магистрирала во 1986 г. и докторирала 2003 г.

Во 1989 г. била избрана за стручен соработник на предметот неврологија и психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје. 

Од 2003 г. до сега работи како стручен консултант во неколку приватни биохемиски лаборатории во Р. Македонија. Автор е на неколку научни трудови презентирани на национални и меѓународни конгреси и објавени во списанија. 

Од 2005 г. до денес се занимава со комплементарна медицина – апитерапија и со стручни трудови од ова поле учествувала на неколку меѓународни конгреси. Држела стручни и едукативни предавања акредитирани од страна на Лекарската комора на Р. Македонија. 

Автор е на информативни и едукативни текстови од апитерапијата објавувани во Лекарски весник на Р. Македонија.

Др Анкица Росоклија др.сци
Специјалист и магистер по медицинска биохемија

Еmail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

моб. 077/877-672

моб. 075/298-063

моб. 072/544-405

Офис Менаџер

 

Татјана Дејановска

Email:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

тел. 034/550-901 

моб. 078/364-501

 

 

 

.