11

ПЧЕЛИН ОТРОВ

- познато е дека голем број луѓе кои се на возраст од околу 100 години се или пчелари или членови на нивните семејства или се на некој друг начин поврзани со пчеларството. Постои широко распространето мислење, дека ова е поврзано со убодите од пчелите, што ги добиваат во текот на нивниот живот.
Апитоксин е стручен термин за отровот на пчелите, кој го користат исклучиво во самоодбрана, кога е загрозена нивната кошница, нивниот дом, за да го истераат непријателот, а не да го убијат. На задниот дел од телото на пчелите има 2 жлезди кои лачат отров, резервоар (кесичка) во која отровот се насобира и од каде преку осилото е спремен за примена. Осилото има засеци, такашто кога пчелата ќе убоде, осилото најчесто останува во кожата. За жал, пчелата после ова умира. Иако отров, тој во контролирани количини е безбеден и е многу корисен за човекот. Пчелниот отров е одличен катализатор за хемиските процеси во организмот и влијае врз нивната брзина. Многу е корисен, како средство за профилакса од болести кои настануваат како резултат на присуство на тромб на различни локации (инфаркт на миокрад, пулмонален инфаркт, мозочен удар, тромбофлебит). Профилаксата се состои во тоа, што апитоксинот ја намалува густината на крвта и таа станува потечна, а се препорачува кај заболувања поврзани со зголемена коагулабилност на крвта. Исто така го намалува нивото на холестерол во крвта, го нормализира крвниот притисок, спречува аритмии.
Чувство на малаксаност, хроничен замор, лошо расположение и несоница, се секојдневие во современиот начин на живеење и се познати на секој човек. Пчелниот отров има капацитет да ја зајакне природната енергија на телото, ги намалува негативните ефекти на стресот, го подобрува квалитетот на сонот. Како резултат на тоа, на луѓето им се враќа енергијата, мирен сон, психички мир, волјата и доброто расположение. На тој начин пчелниот отров ја регулира работата на нервниот систем.
Во текот на истражувањата за својствата на пчелниот отров беше утврден изразит аналгетски ефект на апитоксинот. Тој има 50 пати посилно аналгетско дејство од новокаинот, кој е силен аналгетик. Затоа се користи кај многу заболувања : артрит, полиартрит, ишијас, радикулит, остеохондроза, коксартроза, гонартроза, спондилоза, детска церебрална парализа, Мултипла склероза, Паркинсонова болест, дијабетично стапало.
Се препорачува кај попуштени вени, трофички улцерации, во дерматологијата, хронични воспалителни процеси, тиреотоксикоза, псоријаза, витилиго и дермити од различно потекло (невродермит), кај изгореници, за елиминирање на лузни по хируршки интервенции. Покажува позитивен ефект кај бронхијална астма, очни болести, стерилитет (женски и машки), менопауза, кај нарушување на менструалниот циклус, кај еректилната дисфункција, ја регулира телесната тежина. Се користи кај спортисти за подготовка за напорни тренинзи и натпревари, затоа што има способност да го адаптира организмот на голем физички напор, го намалува заморот и концентрацијата на млечна киселина во мускулите.
Експерти од Австралија (Истражувачки Центар за онколошки болести во болницата Принц Велског), тврдат дека во лабораториски услови во епрувета (ин витро), успеале да ги уништат клетките на ракот со синтетички мелитин - една од состојките на пчелниот отров, со што се отвора можноста за користење на пчелниот отров во оваа насока.

12

Во центарот за апитерапија "АПИ-СПА" во Русија пчелниот отров се користи за безболен метод на убоди (боцкање со пчели), кој е специјално развиен за третман на многу болести, кај деца и луѓе кои се чувствителни на болка.

Кај нас во Македонија ја имаме кремата "ТЕНТОРИУМ", која е лесна за употреба како за подлога за теревтски масажи, така и за употреба во секојдневниот живот, зависно од проблемите кои ги имаат луѓето, а со цел за одржување на здравјето и квалитетот на животот.

13

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Др Анкица Росоклија др.сци дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1976 г. каде што специјализирала во областа Медицинска биохемија во 1988 г., магистрирала во 1986 г. и докторирала 2003 г.

Во 1989 г. била избрана за стручен соработник на предметот неврологија и психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје. 

Од 2003 г. до сега работи како стручен консултант во неколку приватни биохемиски лаборатории во Р. Македонија. Автор е на неколку научни трудови презентирани на национални и меѓународни конгреси и објавени во списанија. 

Од 2005 г. до денес се занимава со комплементарна медицина – апитерапија и со стручни трудови од ова поле учествувала на неколку меѓународни конгреси. Држела стручни и едукативни предавања акредитирани од страна на Лекарската комора на Р. Македонија. 

Автор е на информативни и едукативни текстови од апитерапијата објавувани во Лекарски весник на Р. Македонија.Регионален Директор за Македонија

Др Боне Стеваноски
Специјалист психијатар

 Email:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

моб. 071/367-198

Бесплатни стручни консултации кај:

Др Анкица Росоклија др.сци дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1976 г. каде што специјализирала во областа Медицинска биохемија во 1988 г., магистрирала во 1986 г. и докторирала 2003 г.

Во 1989 г. била избрана за стручен соработник на предметот неврологија и психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје. 

Од 2003 г. до сега работи како стручен консултант во неколку приватни биохемиски лаборатории во Р. Македонија. Автор е на неколку научни трудови презентирани на национални и меѓународни конгреси и објавени во списанија. 

Од 2005 г. до денес се занимава со комплементарна медицина – апитерапија и со стручни трудови од ова поле учествувала на неколку меѓународни конгреси. Држела стручни и едукативни предавања акредитирани од страна на Лекарската комора на Р. Македонија. 

Автор е на информативни и едукативни текстови од апитерапијата објавувани во Лекарски весник на Р. Македонија.

AnkicaRosoklija
Др Анкица Росоклија др.сци
Специјалист и магистер по медицинска биохемија

Еmail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

моб. 077/877-672

 

Офис Менаџер

 tatjana

Татјана Дејановска

Email:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

моб. 078/364-501

 

 

 

.